Заев на Денот на независноста: Успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз

-

На централната прослава на 28 години независност на Република Северна Македонија, која годинава беше организирана на поинаков начин, премиерот Зоран Заев од школката во Градскиот парк посочи дека „успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз што може да ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина“.

Тој во својот говор рече дека „има некаква симболика“ во школката во паркот додавајќи дека „оваа наша земја која наликуваше на затворена школка, конечно се отвора пред Европа и светот, и добива можност да ја покаже својата вредност“.

„Македонскиот бисер од Школката почнува силно да сјае“, рече Заев.

Тој ги повика сите граѓани, но особено младата генерација, како и жените да преземат иницијатива и да ги искористат можностите.

„Ја повикувам младата генерација со уште поголем ентузијазам да се вклучи во дебатите за нашата иднина. На позитивен и, уште поважно, на оптимистички начин“ рече Заев. „Преземете иницијативи, државата ќе врати со уште повеќе отворени врати. Спремно ни е општеството за тоа“, додаде тој во пораката до жените.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, во своето обраќање до граѓаните по повод Денот на независноста повика на обновување на единството „што го имавме на почетокот на независноста“.

„За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет“, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека за младите генерации да останат во земјата и тука да живеат, „мора да се потрудиме многу повеќе како држава и да им обезбедиме услови да се реализираат и да успеат дома, во својата земја“.

Пред почетокот на официјалната прослава во паркот делегација на владата,  предводена од премиерот Заев, положи венци свежо цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Прославата во паркот, пак, беше организирана на повеќе штандови на државни институции, граѓански организации и приватни компании. Така, Министерството за труд и социјална политика беше преставено преку штанд на кој волонтери од граѓанскиот сектор ги информираа младите за придобивките и можностите од мерката Младинската гаранција.

Агенцијата за млади и спорт ја промовираше Европската Младинска Картичка, која од оваа година можат да ја користат сите млади во земјата на возраст до 29 години.

Министерството за животна средина информираше за мерките за поголема заштита на животната средина, а оние граѓани кои донесоа потрошени батерии добија еко подарок.

На штандот на Министерство за здравство заинтересираните граѓани имаат можност да измерат притисок и да извршат очен преглед.

Претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, пак, делеа прирачници за заштита од пожари на отворен простор и одржаа практична демонстрација за користење на домашни ППА апарати.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...