Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, потврдиле од Владата за Македонската информативна агенција (МИА).
Средбата е предвидена во рамките на посетата на македонската владина делегација на Германија што ќе ја предводи Заев.
Првата билатерална средба на македонскиот премиерот со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.
Меркел тогаш искажа поддршка за новата влада, за реформите и за определбата за интеграција на Македонија во Европската Унија.