fbpx

Заев му ја честитал победата на Мицотакис телефонски

-

Премиерот Зоран Заев телефонски му честитал на новиот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис за победата на изборите во Грција.

„Му честитав за победата на изборите и посакав просперитет и благосостојба на нашиот сосед Грција и на грчкиот народ. Заеднички изразивме надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нашата прва средба како премиери. Ги потврдив позициите дека Грција е наш стратешки партнер со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изразив благодарност за поддршката којашто од нашиот сосед ја добиваме за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ“, пишува Заев на неговиот фејсбук-профил.

Тиј во разговорот упатил признание и честитки за успешните демократски избори.

„Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која поставивме темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која се вложивме заеднички да го решиме спорот кој 27 години ги попречуваше билатерелните односите меѓу нашите држави и народи“, додава Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Спасовски: Наместо амнестија, повеќе затвори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека законот за амнестија се носи во несоодветен момент, како и дека со опфатот што е најавен нема да допринесе значително за...