fbpx

Заев: МНР ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската министерка и ќе реагира

-

Премиерот Зоран Заев најави дека македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш – дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, по што ќе уследи соодветна реакција, извести „360степени“.

Португалската државна секретарка за европски прашања во разговор со новинари во Лисабон, како што пренесе Бугарското национално радио (БНР), посочила дека дебатата помеѓу двете земји е тешка и дека бугарската позиција треба да се почитува и да не се внесува разногласие во ЕУ. Таа според БНР рекла дека спорот е поврзан и со македонскиот јазик, којшто некогаш бил дел од бугарскиот јазик.

„Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Во моментов тие работат на нешто што се нарекува патоказ, којшто треба да им помогне да го сработат потребното, а за Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе почне да се одвиваат послободно. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името. Но, многу е тешко, зашто тоа е исто така поврзано и со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, којшто некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Во Бугарија ќе има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат резултатите пред да одлучат како да постапат“, рекла Закариаш.

На прашање дали и по ваквата изјава смета дека португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија е сè уште добар, премиерот Заев вели дека во него Португалија не зазема страни и потсетува дека тој содржи изјави и на двете страни кои даваат свои толкувања за спорните прашања.

„Португалскиот предлог е јасен и е добра основа за двете страни за решение. Португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни внатре. Во самиот португалски предлог во преговарачката рамка е решено преводот на европското законодавство да биде на македонски јазик. Секако, и двете страни имаат изјави, каде што веројатно министерката направила толкување за бугарски медиум или слично, што ќе биде проверено преку стручните служби во МНР за автентичноста на тоа што е кажано, и МНР соодветно ќе реагира во јавноста“, изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...