fbpx

Заев: Името и идентитетот се заштитени, ќе има референдум

-

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод една година од новата Влада, крај Споменикот на ослободителите од НОБ, истакна Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, дека се решаваат спорови, но и дека се зајакнува идентитетот.

– Никогаш не сме биле поблиску до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Македонскиот јазик е потврден, идентитетот на Македонците е потврден. На Македонија и треба лидерство и чекор напред, не само празни зборови. Ќе има референдум, граѓаните го имаат последниот збор. Вистински патриоти се оние кои ја носат Македонија напред. Со решавање на спорот, влегуваме во НАТО. Регионот не смее да си дозволи чекор назад. Македонија е на вистински пат, темелните реформи се признаени од сите земји од ЕУ. Му покажавме на светот дека политичката криза е зад нас – рече Заев.

Тој не сакаше да каже дали договореното име е „Северна Македонија“.

– Нема уште договорено конкретно име, договорени се принципи и начела, се работи на правно-формалниот дел на договорот. Следува разговор со Ципрас можеби вечерва, утре до петок, доколку има нешто, ќе го споделам со граѓаните, знаете дека сме транспарентни. Стоиме зад одлуката за референдум, да оставиме сите чекори да одат со ред – рече Заев.

Во однос на забелешките на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот рече дека тој бил детално информиран на лидерската средба. Најави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе побара средба со претседателот Иванов за да го информира за сите детали за кои е разговарано во Брисел.

– По разговорот со Ципрас, повторно ќе биде информиран и претседателот Иванов и сите институции за текот на разговорите – додаде Заев.

Во врска со „нон-пејперот“, Заев вели дека не е ново Франција и Холандија да имаат резерви за проширување на ЕУ и дека во Софија имал состанок со нивните политички лидери за да им ги објасни сомнежите од ,,нон пејперот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...