Архивска фотографија

Премиерот и претседател на владејачката СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот ќе се сретнат во Клубот на пратеници да разговараат за отворените прашања во државата.

Премиерот Заев на социјалните мрежи објави дека е договорена ваквата средба на која ќе разговара со лидерот на опозицијата „за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред“.

Претходно, во гостување на ТВ Сител, Мицкоски посочи дека стои на располагање за една ваква средба на која лидерите на двете најголеми политички партии би разговарале „за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено“.

„Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот“, посочи тој.