fbpx

Заев и Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар заболен од корона

-

Министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција објави дека лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација бидејќи имале контакт со лице заболено од корона вирусот.

– По информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот, кој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ-интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на корона вирусот – рече Филипче.

Резултатот на Христијан Мицкоски бил изработен доцна синоќа и тестот покажува дека Мицкоски е негативен на корона вирусот, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Кај Мицкоски нема потреба во моментов да се прават посебни епидемиолошки анкети, посочи Филипче.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа веќе заминал во Струмица, така што резултатот од тестот на Заев ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и Заев веднаш по добивањето на информацијата бил ставен во домашна изолација.

– Новинарот е во стабилна здравствена состојба, во моментов е на лекување во болницата „8-Септември“. Во текот на утрото и денот ќе се направат анкети и со точниот наод и бројка на лицата коишто ќе одат во самоизолација, доколку за тоа има потреба, ќе евалуираат епидемиолозите – изјави Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...