fbpx

Заев и Мицкоски побараа одложување на изборите

-

Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа. Овој ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност.Лидерот на СДСМ рече дека очекува претседателот Стево Пендаровски да свика лидерска средба.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски исто така побара одложување на изборите на неговиот фејсбук-профил.

„Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо,“ напиша Мицкоски.

Тој смета дека одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани под директен ризик за нивното здравје и ширење на коронавирусот и оти би значеле отворање нови жаришта со коронавирус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...