Заев-Хоти: Автопатот кон Косово треба да биде готов за две ипол години, а ќе се потпише договор и за интерконектор за гас

-

Премиерот Зоран Заев денеска го пречека премиерот на Република Косово, Aвдулах Хоти во рамки на официјалната посета на нашата земја.

Владината делегација на Косово предводена од премиерот Хоти, составена од заменик-претседателот на косовската Влада Дритон Селманај, министерката за надворешни работи и дијаспора Мелиза Харадинај Стубла и амбасадорот на Република Косово во земјата Ѓерѓ Дедај беше пречекана од страна на премиерот Заев, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за правда Бојан Маричиќ.

На заедничката прес-конференција на Заев и Хоти, премиерот информираше дека очекува на почетокот или во првото тримесечје од следната година да започне реализацијата на автопатот кон Косово.

„За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи Гранит. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата,“ рече Заев.

Тој додаде дека ако сите овие работи завршат до крајот на годината, за две ипол години може да биде готов автопатот, иако според проективните документации на Европската банка, предвидено е градежните активности да траат три до четири години.

Покрај ова автопатско решение, во фокусот на првата заедничка седница меѓу Северна Македонија и Косово која се очекува да се одржи наскоро, ќе биде и потпишувањето на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас, како и реализацијата на „One stop shop”

„Дадени се насоки за изработка на проектна документација и потпишување на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас кој треба да ги поврзе Скопје и Приштина. Втората работа на која ќе се посветиме е „One stop shop” меѓу нашата држава и Косово и третата работа е завршување на проектната документација за поврзување на Тетово- Призрен,“ рече Заев кој најави и планови за развој на туризмот помеѓу двете држави на Попова Шапка.

 

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...