fbpx

Заев: Груевски, поднеси си оставка за да се вратат европските вредности во Македонија

-

„Овие оставки не се крајната цел. Очекуваме оставка и од Груевски. Очекуваме оставките да продолжат во окупираните институции, но и во ДУИ. Ова власт нема легитимитет да избира нови министри. Имајќи ја предвид целокупната состојба на земјава, внимателно и посветено денеска презентираме нови докази: како функционирала коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, како се местени милионски тендери и кој стои зад купувањето „мерцедес“ во МВР. Кој го нарачал и за каква цел“, рече претседатеот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.

Во презентираните разговори Муса Џафери разговара со Сашо Мијалков за некои компјутери кои биле во Скопје. Џафери го прашува дали да ги земе човекот тие компјутери или не. Мијалков му објаснува дека компјутерите ќе можат да се земат утредента, затоа што треба да се направат некакви документи. Во вториот нивни разговор, зборуваат за тоа дека бил поткупен некој истражен судија од Кичево, Македонец, кој не сакал да издаде наредба. Требало да издаде наредба за вештачење, која не ја издавал. Мијалков, сепак, му вели дека за неколку часа „работата ќе биде завршена“.

Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров разговараат за проект за реконструкција на болници. Тодоров ѝ кажува дека се набивани цените, ѝ објаснува дека тоа е правено, на пример, со светилки кои „се пишани“ повеќе од потребното. Тој ѝ кажува дека „проектот е во була 400.000 евра“.

Влатко Чинговски и Кирил Божиновски во шифри зборуваат за три дела кои треба да се поделат.  Зборуваат и за понудата и за тоа кој може да гарантира дека ќе има најниска понуда. Божиновски го информира дека можеби другите нема да бидат задоволни од делење на една третина. Зборуваат и за спецификациите што треба да ги има во понудата. Се објаснуваат колку машини и што друго треба да има компанијата што ќе конкурира.

Божиновски во следниот разговор вели дека разговарал со „Шпанецот“ и со „дебелиот“. Му објаснува на Влатко Чинговски дека ги исполнува условите, освен некој проблем со камионите, но тоа ќе го сределе.

Во следните разговори помеѓу нив двајца, тие разговараат за тендери и за човекот кој треба да ја заврши работата. Се договараат да се видат. Зборуваат за „материјалчиња“ (се договараат со шифри и со почетни букви). Тие се договараат каде треба да се однесат.

Јанкулоска и Јанакиески зборуваат за авионските летови за дијаспората. Јанкулоска прашува кој ги плаќа, на што Јанакиески ѝ одговара дека плаќаат некои фирми како „Гранит“, „Бетон“ , „Тинекс“ …

Јанкулоска и Груевски разговараат за проспекти за автомобил на почетна буква „м“. Таа му го бара проспектот за да може да ја среди работата. Груевски ѝ кажува дека „треба да биде фул“ и „позади да има екран“. Тој ѝ вели да се почне постапката и да ја тера. Јанкулоска вели дека аукцијата е електронска и мора да внимава да не им „улета“ некој. Груевски во следниот разговор ѝ кажува дека возилото ќе го користи само кога ќе нема новинари, а по локалните избори во 2013 година, ќе смислат начин како ќе го претстават тоа во јавноста.

Јанкулоска и Мијалков зборуваат за „мерцедесот“. Мијалков прашува каков е, каде е. Јанкулоска му објаснува дека е во гаражата на премиерот. Таа му објаснува дека од „Мерцедес“ ѝ рекле дека ваков автомобил нема во Југоисточна Европа и додава дека имал „сараунд-систем“, масажери, клима на секое седиште… Јанкулоска му објаснува дека чини 575 или 580 (се мисли на илјади евра).

Груевски го прашува Јанакиески за автобусите. Му вели да ги носи во гаража, да ги измие, да ги светне и потоа сите 15 автобуси да ги паркира во Ѓорче. Потоа му вели кога тој ќе се качи во автобусот, да притрчаат камерманите и автобусите половина ден да возат низ Скопје.

Груевски, рече Заев, се стекнал со имот на партијата поголем од 1,6 милион евра.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање на крајот од прес-конференцијата, рече дека нема да се вратат во Собранието.

– Овој парламентарен состав е нелегитимен. Опозицијата ќе се врти во Собранието по оставката на Никола Груевски за да се формира техничка влада – истака лидерот на СДСМ.

Тој рече дека оставките се од првите најверни луѓе на Груевски и очекува и тој да поднесе оставка.

– Овој процес е циркус од самиот почеток. Во обвинителниот акт никаде не пишува дека имало странски служби, туку дека прислушувањето се вршело внатре, со опремата на МВР. Тие можат да дадат придонес, но проблемот е Никола Груевски. Само со негово заминување можат да се променат работите – рече Заев.

Заев рече дека има писмени материјали за тоа дека власта знаела за терористите повеќе од една година. Тој рече дека без разлика колку биле следени, се отвора дилема околу тоа дали можело да се спречи да загинат толку полицајци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...