fbpx

Заев: Груевски не може да формира влада, но ќе чекам самиот да го признае тоа

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е убеден дека Никола Груевски нема да успее да формира влада, но вели дека ќе го чека крајниот рок и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ самиот да го признае тоа.

– Јас сум убеден дека Никола Груевски не може да формира влада. Режимот дојде на крај и ВМРО со Груевски треба да оди во опозиција. Тоа им е јасно и покрај мандатот што го има Груевски. Ние ќе го почитуваме рокот до 29 јануари, кога самиот Груевски треба да каже дека не е во можност да формира влада – изјавил денеска Зоран Заев во Куманово, пренесува „Канал 77“.

Прашан за вчерашната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Заев изјавил дека начелно било разговарано за позииците на СДСМ и на ДУИ, но ништо конкретно.

– Најавени се нови средби и тогаш ќе има и прецизирање на ставовите – рекол Заев.

Инаку, Заев денеска е во Куманово поради рочиштето од судскиот процес што се води против него и против претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, а по приватна тужба од генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски, поради објавување прислушувани разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, снимени меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...