fbpx

Заев: Го плативме авансот за 833.000 дози од ковид-вакцината, ќе бидат обезбедени уште 800.000 од ЕУ

-

Владата на вчерашната седница ја утврди банкарската гаранција за да потврди дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на вакцината против КОВИД-19 и го плати авансот за КОВИД вакцината, соопшти вчеравечер премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“. Првите вакцини преку Ковакс механизмот би стасале во првите месеци на следната година, најави тој. Од обидите за директен контакт со два фармацевтски гиганти – производители на вакцината, сѐ уште нема резултати.

„Во делот на набавка на вакцините би сакал прво да повторам дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Во рамки на овој систем ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција, кој ќе го одреди Ковакс, за кој наскоро ќе добиеме информации од нив. Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори односно доставивме формални барања за обезбедување вакцини уште преку други два механизми. Првиот е во директни преговори и директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Пуштено е формално барање за понуда до две компании, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ и се надеваме дека наскоро ќе имаме формална понуда од нив“, рече премиерот Заев.

Тој истакна дека е обезбеден и трет механизам – преку Европската Унија, односно преку Грција, за дополнителни 800.000 вакцини преку ЕУ.

„Вакцинацијата за граѓаните ќе се врши на постоечките здравствени капацитети, вакцинални пунктови и болници. Во тек на следната недела ќе започне процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината треба да бидат обучени со поддршка од СЗО“, рече премиерот Заев во емисијата на телевизија Телма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...