fbpx

Заев го информирал ЦО на СДСМ дека очекува нови министри до крајот на месецот

-

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната седницата на централниот одбор на партијата, изразил очекување дека до крајот на овој месец ќе се донесат одлуките за кадровските решенија и за пополнување на местата што се испразнија по локаклните избори.

Заев вчера, по потпишувањето на договорите за поддршка на млади земјоделци, изјави дека до крајот на ноември најверојатно ќе се знаат новите министри за здравство и за странски инвестиции.

Премиерот, како што стои во соопштението од СДСМ, синоќа го информирал централниот одбор на партијата за политичките разговори со дел од коалициските партнери по ова прашање.

На седницата владејачката партија го усвоила извештајот за локалните избори што се одржаа во октомври, поднесен од централниот изборен штаб.

„Во наредниот период ќе го вградиме целокупниот легитимитет добиен од граѓаните на последните избори во придвижување на економските и реформските процеси, за граѓаните да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. Покажавме дека сме успешни во надворешната политика, а тоа ќе го покажеме и на внатрешен план преку реализација на програмата што носи живот за сите. Чесниот и домаќински пристап ќе продолжи и на локално ниво“, порачал Заев, стои во соопштението.

Централниот одбор на партијата донел одлука и за распишување на внатрепартиски избори на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ и на градската организација на СДСМ – Скопје.

„Во согласност со роковникот, постапката за избор на органите и носителите на функции во општинските организации на СДСМ и градска организација – Скопје почнува на 27 ноември, а завршува пред крајот на 2017 година“, велат од партијата.

Членовите на ЦО на СДСМ дискутирале и за актуелната политичка состојба во Македонија и за темпото на спроведување на реформите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...