fbpx

Заев го доби мандатот за нова влада, вети почитување на Охридскиот и договорите со Грција и Бугарија (Галерија)

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска напладне од претседателот на државата Стево Пендаровски го доби мандатот да формира нова влада, за која рече дека ќе биде стабилна, европски ориентирана и отчетна.

Заев рече дека со ДУИ сè уште се преговара, но не сакаше да открива детали за да не станат преговорите „медиумски“, но вети дека штом ќе има нешто да се соопшти, тоа ќе биде објавено. Претседателот на СДСМ има 20 дена да состави влада, која што ќе биде изгласана од Собранието.

Во својот говор по добивањето на мандатот, сега веќе како мандатар за нова влада, Заев неколку пати повтори дека новата влада ќе биде цврсто посветена на европските интеграции. Порача дека мандатот го добил согласно Уставот.

– Чест и одговорност ми е што, согласно уставот, како СДСМ и коалицијата „Можеме“ која освои најмногу места, од претседателот Пендаровски го добивам мандатот за демократска, политичка одгворна, европска влада, со институции што уште повеќе ќе им служат на грѓааните. Во овој период од 20 дена мора да составиме програма која парламентарното мнозинство ќе ја изгласа, за владата да работи и служи на сите граѓани, ослободена од какви било стеги на некаква припадност – рече Заев.

Тој посебно како заложба ја потенцираше намерата за спроведување на правосудните реформи и за потекло на парите на функционери.

– Пред Собранието ќе испорачам предлог од квалитетни, одоговорни и отчетни луѓе, кои се решени да се борат со криминалот и корупцијата, и да се посветат најмногу на реформи на правосудството и проверка н апотеклото на парите – рече тој.

Заев појасни дека најголем дел од програмата на владата што ќе ја состави сепак најмногу ќе биде посветена на македонската економија, „за платите и пензиите да растат, да вложуваме во младите и регионалниот развој, но и да водиме грижа и поддршка на стопанството“.

Мандаторот за состав на нова влада на Северна Македонија рече дека новиот кабинет нема да скршнува од патот кон ЕУ, ќе ги почитува Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, а посебно обрна внимание на почитувањето на Охридскиот рамковен договор и изрази посебна благодарност за покојниот претседател Борис Трајковски за неговата визија да прифати таков договор.

– Северна Македонија ќе добие влада за која е определено мнозинството, влада за правда и стабилност. Ќе добие влада која не знае да скршнува од патот кон ЕУ. Влада што ќе го почитува Преспанскиот, Договорот со Бугарија и Охридскиот дговор. Денеска, 19 години по потпишувањето на Охридскиот договор, сакам да им честитам на сите и да одддадам почит на претседателот Трајковски за големината да се прифати тој договор што овозможува безбедни односи меѓу заедници – рече Заев

На крајот на говорот, мандатарот за состав на нова влада рече дека за 20 дена од сега, „а веројатно и порано, Северна Македонија ќе добие европска влада, која ќе се зафати со предизвиците од пандемијата на ковид-19, која од првиот ден ќе работи на обезбедување повеќе пари услуги и подобар живот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...