fbpx

Заев ги запозна полските тур-оператори со придобивките од кампањата „Безбедно како дома“

-

Премиерор Зоран Заев се обрати на средба на претставници на 40 тур оператори и на хотелиери од Полска во организација на хотелската асоцијација ХОТАМ што се одржа во Струга.

На средбата, која што се организираше во соработка и со полската агенција „Рего Бис“, која неделно има три чартер линии за Охрид од Варшава и Катовице, со кои овие денови пристигнаа првите туристи од Полска во Струга и Охрид, премиерот Заев ги поздрави претставниците на полските туристички организации и компании и истакна дека бројот на туристите од оваа земја од 2017 до 2019 година е во континуиран пораст.

Заев во обраќањето до полските тур оператори и хотелиери изрази уверување дека авио линиите Варшава – Скопје,  Варшава – Охрид, како и чартер летовите Катовице – Охрид се основа за реален оптимизам и дека актуелната летна сезона ќе донесе поголем број на Полски туристи.

Премиерот Заев уште потенцираше дека нашата земја, со промотивната кампањата Safe Like Home  на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ги прифати светските стандарди и протоколи за Ковид-19 на Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) која одлично беше прифатена во Полска и Турција како први пазари од кои се очекуваат најголем број на туристи да ги посетат нашите туристички дестинации.

Заедно со маркичката за Сигурно патување (Safe Travel) која потврдува дека Северна Македонија ги применува истите протоколи како повеќе од 100 светски туристички дестинации за безбедност утврдени од Светскиот совет за патување и туризам (WTTC) за 2021 година, кампањата е чекор повеќе кон целта оваа година да порасне бројот на туристи од Полска кои учествуваат со 5 проценти во вкупниот број на странски туристи и приближно 7 проценти од вкупните остварени ноќевања што ја вбројуваат меѓу првите пет земји кои според бројот на туристи летуваат во Охридскиот Регион.

На средбата во име на гостите од Полска се обратија Павел Ниевиадомски, главен претседател на  Европската асоцијација на туроператори и туристички агенции, и Габриела Манка Сокулу сопственик на туроператорот Рего Бис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...