fbpx

Заев ги повика граѓаните да останат смирени и да не дозволат провокации

-

„Да не дозволиме никакви провокации од никого, вклучително и од оној што 10 години ја упропастуваше Македонија. Неговото време заврши“, повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку својот профил на „Фејсбук“.

„Институциите мора да си ја завршат својата работа во согласност со Уставот и со законот. Од одлуките на ДИК и на Управниот суд не зависи кој ќе формира Влада, но тие се важни заради вистината и фактите. Граѓаните со огромно мнозинство гласови, повеќе од 600.000, гласаа за промени. Промените ќе се случат и тие незапирливо доаѓаат без разлика што на врвот на ВМРО ДПМНЕ му е тешко да го прифати тоа. Промените се здрави за секоја држава, така и за Македонија. Повикувам на достоинствено и трезвено однесување. Повикувам на трпение и на воздржаност. Повикувам на одговорност кон државата и кон граѓаните. Доаѓа слобода за сите граѓани, за сите кои гласаа за промени и за сите кои беа уценети и притиснати од Груевски. Македонија ќе оди напред. Ќе има живот за сите“, напиша Заев.

Во меѓувреме, од СДСМ реагираа на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред ДИК, во кое тој го соопшти партискиот проглас.

„Никој и ништо не може да им застане на патот на демократските процеси и на слободата во Македонија. Граѓаните ги препознаа манипулациите, затоа се мирни, свесни се за својата победа. Од вечерва и Никола Груевски е соочен со реалноста. Завршено е со Груевски во политиката. ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција. На Македонија ѝ требаат одговорни политичари и влада што ќе работи во интерес на граѓаните. Таква влада ќе добие Република Македонија“, велат од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека институциите во Македонија мора да работат во служба на граѓаните.

„Завршува изолацијата. Се отвораат повторно перспективите на единствена Република Македонија и на сите нејзини граѓани“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...