fbpx

Заев: Еве до каде одел апсурдот на партизирање на државата

-

„Доказите што ги објавивме досега, ги открија вистинските лица на власта. Ги откривме лицата на Никола Груевски, кој заедно со Сашо Мијалков вршел притисоци врз луѓето само за да останат на власт. Тие како крлеж се приклештиле за граѓаните само колку да останат на власт. Видовме дека од нив е узурпирана и ВМРО-ДПМНЕ. Денеска ќе докажеме зошто во извештаите на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи е посочено како партиски штаб. Ќе видите зошто во овие извештаи се посочува поделеноста на партијата и на државата“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција на која објави нови прислушувани разговори.

– Ќе слушнете како функционира системот на пресметка со неистомислениците. Живко Поповски, татко на министерот Никола Поповски, го избркал претседателот на синдикат на воздухопловното претпријатието поради непослушност. Ќе слушнете како факултетите се полнат со асистенти за се да се исчистат, да не има уште некој комуњар, како од УБК биле тргнати сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат, како Јанкулоска лично им пресудила – изјави Заев.

Во првиот разговор што го објави тој, се слуша како Гордана Јанкулоска разговара со Мартин Протуѓер за тоа како бил избркан некој претседател на синдикат. Таа му објаснува дека го избркале за некоја изјава која ја дал против претпријатието. Му објаснува дека да го имале на нивна страна, ќе било поинаку.

Во следниот разговор, помеѓу Панче Кралев и Гордана Јанкулоска, се зборува за кадидат што треба да добие некое место. Јакулоска му вели дека треба да се види од која партија е. Кралев, пак, ѝ одговора дека има луѓе кои се од СДСМ и се неопределени.

Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, во друга аудиоснимка од тие што денеска ги објави Зоран Заев, зборуваат за чистка на вработени. Мијалков ѝ вели дека тоа треба да се исчисти. Јанкулоска се согласува и му вели дека на почетокот се на мандат и дека тоа треба да го сторат поскоро за потоа четири години да бидат „раат“.

Јанкулоска со Виолета Андоновска зборува за 34 лица кои треба од УБК да се пријават „во суфицит“ и се договараат како треба да тоа да се среди за да се избркаат од работа.

– Сега му е мајката да ги исчистиме, на почеток на мандат, и ако има галама, ќе истрпиме. Да ги зачукаме сите што тужат, да има дојде паметот, ќе им ги укинеме местата, па нека кршат глава – вели Јанкулоска.

Гордана Јанкулоска и Илија Димовски зборуваат за двајца вработени во Агенцијата за пошти на кои им завршува мандатот. Димовски вели дека тоа се хонорарни места со голем хонорар.

Никола Груевски и Јанкулоска зборуваат за вработување на луѓе во УЈП. Груевски прашува кој ги прави интервјуата и вели дека Горан Трајковски не знае да одбере луѓе затоа што „тој ќе ги земе оние кои ќе му вршат притисок“. Груевски инсистира да се формира комисија од економисти што ќе им направи интервју. Јанкулоска му објаснува дека луѓето се рангирани од општинските комитети.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...