Премиерот Зоран Заев од денеска до 17 јанаури ќе го користи зимскиот одмор во Италија, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Како што додаде Бошњаковски, Заев со семејството веќе отпатувал за Италија.

За Нова година, македонскиот премиер беше во приватна посета на Солун, каде домаќин му беше солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис.