fbpx

Заев: Директори и министри се отуѓија од народот, ќе има смени штом ќе дозволи законот

-

Разочараноста на граѓаните од одредени функционери и политики кои мора да бидат коригирани е причината за изборниот резултат, оцени премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција по повод доаѓањето на Папата Франциск на 7 мај.

Тој додаде дека како премиер ја сфатил порака од граѓаните и штом ќе има законски услови, ќе следат промени. Според него, членството не гласало за опозицијата, што значи дека немањето излезност не е ниту поради Договорот од Преспа, ниту поради Законот за употреба на јазиците.

„Директори, министри се изгубија и отуѓија од народот, се поставија повисоко. Дел од нив не ги извршија задачите поставени на функцијата која што ја извршуваат. Неконтактирањето со граѓаните, бавното спроведување на административните постапки се причините за разочараност на граѓаните. Штом ќе дозволи законот, тогаш ќе има промени и чистка. Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето не може да се прават никакви промени“, изјави Заев.

Тој истакна дека се смета за информиран во однос на тоа кој работи, а кој не, но се уште не е разговарано со коалиционите партнери за можната реконструкција во Владата. Тоа ќе следи по изборите.

Прашан за случувањата во Исламската верска заедница, Заев не сакаше да навлегува во проблемите што се случуваат таму бидејќи според Уставот државата нема право да се меша, и остава ИВЗ според нивните закони одвнатре да ги среди работите .

„Владата нема намера да се меша во која било верска заедница па така и во ИВЗ. Побарана беше полициска асистенција, МВР испрати тројца полицајци. Финансиска полиција не била повикана, добиле одредено писмо, но треба да се види неговата автентичност“, рече Заев и не одговори на прашањето кој од ИВЗ ќе се сретне со Папата Франциск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...