fbpx

Заев: Датумот за избори не може да биде лична желба, уставните услови се исполнети за на 5 јули

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се огласи по повод прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој бара изборите да се одржат на средината на јули, и рече дека, датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите.

„Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност. Нема да дозволиме Мицкоски да ја втурне земјата во институционална криза, без Собрание и политичка Влада, нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста, сигурноста и здравјето на граѓаните. Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи,“ напиша Заев на неговиот фејсбук-профил.

Според него, итно одржување на изборите е неопходно и екстремно важно за да се вратат институциите кои мора да им служат на граѓаните со полн капацитет и легитимитет.

„Тоа е неопходно и за подобро справување со здравствената и економската криза предизвикана од ковид-19,“ додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...