fbpx

Заев: Булеварот „Благоја Тоска“ ќе се заврши во 2021 година, општината треба да ги оправда владините средства

-

Премиерот Зоран Заев во текот на неговата посета во Тетово рече дека општината ќе треба да ги оправда сите средства што Владата на РСМ ѝ ги доделила за булеварот „Благоја Тоска“, бидејќи, како што рече тој, се работи за владини средства. Заев додаде дека работите во овој булевар треба да започнат во февруари – март и ќе завршат во текот на 2021 година, пишува „Порталб.мк“.

Што се однесува да застојот на работите, Заев рече дека општина Тетово има обврска да достави финансиски извештај за префрлените владини средства на општината.

„Најголемиот проблем со булеварот „Благоја Тоска“ е експропријацијата. Управните постапки се завршени и првично префрливме околу 29 милиони денари за да се плати експропријацијата и потоа ќе префрлиме уште околу 45 милиони за реализација на истиот. За сите овие пари, треба да се поднесе извештај до Владата бидејќи се средствата на Владата и треба да се оправдаат“, рече премиерот Заев.

А, со иронија премиерот рече дека општината треба да биде мотивирана од изборите што се ближат со цел што побрзо да го реализира ова долгогодишно ветување.

„Верувам дека реализацијата на овој проект и неколку други што ги финансираме ние како Влада во општината Тетово ќе биде брза. Еве има уште една мотивација за општина Тетово заради изборите што се ближат, да ги реализираат проектите, за да граѓаните бидат мотивирани да гласаат за нив“, додаде Заев.

За само 1 месец, Владата на РСМ, ѝ додели на општина Тетово повеќе од 30 милиони денари за овој булевар

Најпрво, на 26 ноември оваа година, Владата на РСМ на општина Тетово ѝ додели 26,5 милиони денари за реконструкцијата на булеварот „Благоја Тоска“.

Тогаш, од општина Тетово за „Порталб.мк“ рекоа дека средствата ќе ги искористат за експропријација на објектите што го попречуваат отворањето на овој булевар.

„Со ребалансот на буџетот, Владата на Северна Македонија додели вкупно 29 и пол милиони денари за ова, овие средства ќе се користат за експропријација на зградите“, рекоа од општина Тетово.

Околу 1 месец подоцна, на 27 декември Владата на РСМ повторно додели средства за булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, овој пат околу 1 милион денари, но овие средства ќе се користат и за неколку други помали проекти.

Маратон од ветувања од Теута Арифи за булеварот „Благоја Тоска“

  • 2014 година

Во првиот мандат на градоначалничката Арифи, отворањето на овој булевар се сметаше за еден од приоритетите во нејзината програма.

Дури, од Советот на општина Тетово беа толку сигурни дека овој проект ќе се заврши во првите две години од првиот мандат на Арифи, што го предвидоа во буџетот за 2014 година и работите ги поделија на две фази, при што во 2015 година се очекуваше да биде целосно завршен и пуштен во употреба булеварот.

„За Општина Тетово во 2014 година, приоритет е отворањето на булеварот „Благоја Тоска“ и ова треба да се спроведе во две фази, и тоа во 2014 и 2015 година, мислам дека ќе почнеме блиску до мостот до болницата за да го отвориме преостанатиот дел“ рече Теута Арифи за „Порталб.мк“ во 2014 година.

  • 2015 година

Но, 2014 година помина, а работата на овој булевар сè уште не беше започната. На крајот од 2015 година, од општина Тетово рекоа дека интензивно работат на решавањето на овој проблем.

„Отворањето на булевар и продирањето во населените зони, е многу значајна и чувствителна постапка, заради тоа ние работиме интензивно и со максимална претпазливост за решавање на овој проблем и што поскоро да започнеме со работа“ рекоа од општина Тетово.

Иако, според проектот за изградба на овој булевар, за кој се предвиде и буџет во 2014 година, беше предвидено неговата изградба да се реализира во 2015 година, ова не се случи.

  • 2016 година

Бидејќи помина и 2015 година, а ниту едно каменче не беше поместено за изградбата на овој булевар, во општина Тетово беа сигурни дека во 2016 година ќе се изнајде решение за реализацијата на овој проект.

„Во програмата за 2016 година е предвидена реализацијата на булеварот „Благоја Тоска“ и тоа во износ од 30 милиони и 500 илјади денари. Се надеваме дека оваа година ќе се најде подобро решение за да започнеме со реализацијата на овој проект“ рекоа од Секторот за градежно земјиште во општина Тетово, на крајот на 2015 година.

Во меѓувреме, ниту во 2016 година не се оствари овој проект, а образложението од општина Тетово до денеска е исто:

„Имавме проблеми во текот на експропријацијата и плаќањето на имотите што треба да се уриваат, еден дел од работите ќе започнат наскоро“ рекоа од општина Тетово во 2016.

  • 2017 година

Во текот на оваа година, образложението за незапочнатите работи за овој булевар беше исто како лани, односно дека имало проблеми поради постапката за експропријација и легализација на имотите.

„Застојот во овој правец беше поради експропријацијата на имотите кои се наоѓаа во овој булевар. Врз основа на Законот за легализација, градбите што не беа легализирани, не можеле да бидат предмет на експропријација и ни претставуваше проблем што ќе правиме со овие поединци за да се изгради овој булевар“ изјавил за весникот Коха, тогашниот претседател на Советот на Општина Тетово, Хисен Џемаили.

  • 2018 година

Во 2018 година, Раководителот на Секторот за улици и градежно земјиште на општина Тетово рече дека интензивно работат на изградбата на овој булевар, бидејќи како што тој нагласи, ова „стана голема тема“.

„Поради тоа што се претвори во голема тема работава со булеварот „Благоја Тоска3, ние работиме интензивно и очекуваме во блиска иднина да успееме да ја комплетираме документацијата и да почнеме со работа“ рече Арсим Нуредини од општина Тетово.

А за „Порталб.мк“ истата година од општината не уверија дека овој проект е тендериран и дека целиот проблем е во експропријацијата.

  • 2019-2020 година

Откако во 2018 година беа направени првите чекори за отворањето на овој булевар, односно се урнаа неколку бараки, од општина Тетово ни рекоа дека отварањето на булеварот ќе се реализира во јуни таа година, но оттогаш ништо не беше преземено.

Изградбата на булеварот ќе претставува еден од најефикасните начини за олеснување на преоптоварениот сообраќај во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...