fbpx

Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

-

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван во македонското Собрание, гарантира долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија, заеднички оцениле премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов во телефонски разговор што го имале по повод ратификацијата на Договорот.

„Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира одржливо градење на пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот втемелена на европските вредности“, се наведува во соопштението од кабинетот на Борисов.

Заев, како што се посочува во соопштението, му посакал успех на Борисов при претставувањето на приоритетите на бугарското претседателство пред Советот на ЕУ утре во Стразбур.

Ратификацијата на Договорот ја поздравија еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, европратеникот Едвард Кукан и бугарскиот државен врв.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Заев и Борисов го потпишаа на 1 август 2017 година во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...