fbpx

Заев: Би заменил две нобелови награди за Советот на Европа да ни даде датум за преговори

-

Би заменил и две Нобелови награди за одлуката на Совет на Европа да додели датумот за преговори, одговори премиерот Зоран Заев на прашање, дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“.

– Ако добијам Нобелова награда, ќе му ја дадам на Советот на Европа – изјавил на шега Заев.

Во случај да не се додели датумот за преговори, Заев изјави дека ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Договорот за Преспа значи отворање на вратите на ЕУ и ќе го врати мандатот.

– Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат – вели Заев во интервјуто.

Тој предупредува дека во контекст на неиспорачување од европска страна, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
udemy course download free
download coolpad firmware
Download WordPress Themes Free
free online course