fbpx

Заев апелира настаните од 27 април во Собранието да не се повторат, Мицкоски вели имало неправедно осудени

-

Да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот, рече премиерот Зоран Заев по повод четири години од настаните во Собранието на 27 април.

„Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат животот. Буквално секоја секунда вековиште беа тие два часа и 15 минути. Денеска да се организира собир за да се даде поддршка на осудени луѓе кои се обидоа на очиглед на јавноста јавно да убиваат и ликвидираат новинари, камермани, пратеници во Собранието е или забеганост или е соучешниство, ништо друго,“ рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ја апелираше до македонската јавност „да има предвид што всушност има во државата, што се алтернативите коишто постојат во нашата земја и да не дозволат девијантни појави коишто Северна Македонија повторно ќе ја однесат во неповрат или во грозотија од која што сите бевме згрозени на тој 27 април.“

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска од Собранието повикаа на „расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно судење“ и овој пат, како што велат, „се надеваат на правично судење.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со случајот од 27 април и настаните во Собранието порача дека Македонија е единствена земја со толку „терористи“ по затворите и огромен број на драконски казни.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја подржува борбата за правда, не поддржува насилства, но како што рече „во Македонија постои судска пракса да дел од случаевите во кое има основано сомневање дека биле политички инструирани, започнуваат во повторно судење и од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни од едната страна на обвинителството од другата страна на лицата којшто се обвинети тоа е она за коешто се залага партијата.“

Во врска со најавите за нови протест,и Мицкоски истакна дека по празниците ќе може да се зборува за идните делувања на партијата.

На 12 февруари, Апелациониот суд Скопје ги намали за една до две години затворските казни на осудените за крвавиот четврток кои се товарат за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“ за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Судот со тоа ја потврди првостепената пресуда за вина за стореното кривично дело, но и делумно ги уважи жалбите на обвинетите.

Со преиначена пресуда, поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков наместо првичните 18 ќе одлежи 16 години в затвор. На казна затвор во траење од по 14 години, наместо првостепено 15 години се осудени Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо. На по 13 години затвор се осудуваат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски на кои првостепените казни им биле по 15 години, освен на Михајловски кој првостепено беше осуден на 14 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...