fbpx

Заев: Aко ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за ЈО, тогаш Парламентот нема да се распушти

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека многу е важно Законот за јавно обвинителство да се донесе во Парламентот, во спротива тој нема да се распушти.

„За мене е многу важно законот да се гласа во Парламентот, значи кога ќе се гласа тој може да се донесе или да не се донесе, друга опција нема. Ако опозицијата се обидува да го минира, или на кој било начин да го блокира неговото донесување односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти сè додека на заврши процесот на изјаснување на Законот за Јавно обвинителство како и протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони. Дел од агендата за која што се договоривме сите е дека овие законски решенија до распишувањето на изборите и распуштање на Парламентот ќе се изгласаат“, одговори Заев на новинарско прашање.

И покрај тоа што беше закажана, заедничка средба на партиите денеска за Законот за јавно обвинителство нема да има, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не дава амандмани и нема да учествува.

Дескоска денеска треба да одржи поединечни средби со помалите пратенички групи околу Законот за јавното обвинителство, на кои пратениците треба да ги дадат конечните забелешки за законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...