fbpx

Заев: Административците нема да ги отпуштаме, туку ќе ги прераспределуваме

-

Пратенички прашања еднаш неделно наместо еднаш месечно, отчетност на сите буџетски и јавни претпријатија за своите трошоци на нивните веб-страници, во одреден рок да се пријават сите сопственици на офшор-компании, се дел од мерките што СДСМ ги предвидува во својата програма, а која во следните пет недели ќе биде отворена за сугестии од граѓаните.

Според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ако тие дојдат на власт, нема да отпуштаат вработени од јавната и од државната администрација, туку вишокот вработени ќе го прераспределат во институциите каде што има недостиг од кадар.

Како што најавија од СДСМ, нивната нацрт-програма, која е насловена „Визијата за Македонија“, се темели на пет столба: одговорна власт, праведна распределба на доходот, нови работни места, европска иднина и едно општество за сите.

– Ќе биде побарана поддршка од сите граѓани, а пунктови за идеи ќе има поставено на повеќе места низ Македонија. Паралелно со тоа, следните пет недели ќе се одржат 28 дебати низ Македонија, на кои ќе се слушне гласот на народот – рече Заев.

На новинарско прашање дали се познати имињата на членовите на СДСМ што ќе влезат во преодната влада, Заев рече дека сè уште траат консултациите и засега нема конкретни имиња.

Во однос на преговорите во работните групи, рече дека процесот моментално е закочен и најверојатно ќе има готово решение на маса, кое политичките партии ќе треба да го потпишат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...