Премиерот Зоран Заев, денеска и утре (7 и 8 ноември 2019) ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“.

На состаноците се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

На состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум. За вечерва е предвидена работна вечера, а утре ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.