Заедничкиот пристап и стратешките комуникации мора да бидат столбот на борбата против дезинформациите

Невладините можат да работат најмногу, тие се по флексибилни, имаат различни платформи и соработка. Потребна ни е соработка на сите државни актери. Треба да создаваме простор, експертите да го споделат своето искуство. Некои прават, но некои немаат простор“, рече Катарина Клингова

-

Градење мостови на соработка. Споделување лекции од различни искуства со злонамерни лажни вести. Креирање на стратешки платформи. Неопходност од стратешко дејствување. Ова се дел од главните заклучоци на втората сесија насловена: „Геополитички преглед на информациските закани – научени лекции од Европа споделени со земјите од Западен Балкан“, што се одржа во рамките на меѓународната конференција во Скопје во организација на Фондацијата Метаморфозис, пишува Portalb.mk.

Марта Турнбул, директорка на Европскиот центар за извонредност од Финска, во својот говор рече дека во последната деценија центарот што таа го застапува спроведе бројни кампањи во борбата против дезинформациите.

„Гледаме различни актери кои споделуваат лажни вести, некои од нив доаѓаат од странство, некои внатре од државите. Русија сè уште останува главен актер во евроатлантскиот регион, но гледаме и актери од Кина. Гледаме зголемување на заканите. Имаме случаи кога Русите создаваат центри во вашата земја и потоа дејствуваат. Борба против овие активности станува сериозен предизвик на кој треба да работиме, да споделуваме информации и да се заштитиме на синхронизиран начин“, рече Турнбул.

Според Бодин Верхоек, од Секторот за јавна дипломатија на НАТО, имаме штетни закани, манипулативна содржина, координација и намерна манипулација.

„Истакнуваме на кои информации треба да одговориме и да дејствуваме. НАТО и сојузниците ќе продолжат да соработуваат меѓусебно, да се спротивстават навреме. Имаме стратешки концепт и на кинески и на руски, за да бидеме присутни за публиката што зборува на ист јазик. Ако не ја раскажеме нашата приказна, другите ќе ја кажат наместо нас. Покренавме кампања во Украина и ја поддржуваме континуирано“, нагласи Верхоекдодавајќи дека стратешките комуникации треба да бидат столб на борбата против дезинформациите.

Никој не може да дејствува сам. Имаме и многу партнери. Важна е денешната конференција, да размениме научени лекции, да си помагаме еден на друг“ додаде гостинката.

Санда Светока, висок експерт на НАТО СтратКом од Латвија, во својот говор ги истакна искуствата од нејзината анализа.

Отсекогаш сме биле на радарот на Русија, но тоа не научи многу за тоа како да се справиме со овие прашања. Создадовме база на знаење за тактиките на Русите и за тоа какви тактики користат во регионот. Правиме редовна размена на информации за негативните актери. Развивме добра основа за непријателските наративи. Од 2020 година почнавме да се фокусираме не само на активностите на Русите, туку и на Кинезите во регионот. Споделувањето информации е клучно. Целите на непријателите се слични за секоја земја. Идејата е да се координираме за да им се спротивставиме, оцени Светока.

Според Катарина Клингова, висок соработник во ГЛОБСЕК, Словачка, градењето отпор е процес, нешто што треба да биде олеснето и од државата и од граѓанското општество.

„Невладините можат да работат најмногу, тие се по флексибилни, имаат различни платформи и соработка. Потребна ни е соработка на сите државни актери. Треба да создаваме простор, експертите да го споделат своето искуство. Некои прават, но некои немаат простор“, рече Клингова.

Холандска ескпертка пак, зборуваше за важноста научените лекции да се анализираат и да се споделат.

„Ние споделуваме информации за креаторите на политиките да можат да градат политики. Треба да се извлечат лекции, да се анализираат лекциите и да се споделат. Разбирањето е исклучително важно. Потоа доаѓа флексибилноста и мултидисциплината“, нагласи Лаура Јаспер – стратешки аналитичар, HCSS, Холандија.

„Руските дезинформации сакаат да ја оправдаат нивната окупација и да се претстават како бранители. Оваа реторика продолжува и денес. Треба да се фокусираме на земјите кои се цел на Русија. Анализирајте ги наративите на Русија, следете ги технологиите што се користат за споделување злонамерни информации и креирајте мрежи и соработки на организации за проверка на факти. Властите и,сто така, мора да соработуваат и да ги блокираат овие пораки кои ја загрозуваат јавната безбедност. Целта не е само да се откријат каналите за лажни вести, туку и да се казнат, иако тоа е тешко“, рече, меѓу другото, Соња Димитрова-Мартинјук, уредник на StopFake, од Украина.

Проверувачи на факти, новинари, истражувачи, креатори на политики и лидери на граѓанското општество од целиот Западен Балкан и Европа денеска и утре во Скопје, како дел од меѓународната конференција организирана Фондацијата Meтаморфозис, ќе ги споделат научените лекции и искуства за борбата против дезинформации, а ќе работаат и на создавање мрежа која ќе биде платформа за борба против злонамерните лажни вести и ќе ја едуцира јавноста како да се заштити од нив.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се...

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето...

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа...