fbpx

Заедничката платформа на албанските партии е провокативнa и беспредметнa, оцени Левица

-

Во услови кога голем процент од населението во Македонија живее во сиромаштија, а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа и земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa, стои во реакцијата на партијата Левица.

Албанските партии во Македонија вчера ја објавија заедничката платформа која ќе биде основа за преговорите за формирање нова влада, а во неа се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален, економска рамноправност, учество на албанските партии во решавањето на спорот за името со Грција, поддршка на работата на СЈО и други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

„Време е во прв план да се постават најгорливите прашања кои ги засегаат сите етнички заедници во оваа земја, а тоа се социјалните права. Ваквите заложби немаат ништо суштинско, односно само создаваат привид дека некој се бори за нешто, додека реалноста е спротивна. Ваквата реторика им одговара само на интересите на богатите, кои преку подгревање на национализмот кај сите етнички заедници се обидуваат да го одвлечат вниманието од суштинските проблеми, а со тоа да спречат надетничко обединување на народот, кое би ја загрозило нивната привилегирана положба во општеството“, стои во реакцијата на Левица и се додава дека е време во преден план да бидат ставени вистинските проблеми на граѓаните.

Левица ги повикува граѓаните да не наседнуваат на триковите и на маглите на владејачките бизнис и политички елити и да се обединат во борбата за решавање на заедничките проблеми кои суштински и навистина нè обединуваат сите.

„Во таа борба сиромашните и обесправените немаат што да изгубат, освен своите окови. Но, исто така, ние од Левица сме свесни дека треба да се надминуваат јазот и бариерите кои ги имаат етничките Македонци кон учењето и употребата на албанскиот јазик. Ако повеќемина во Македонија го научат албанскиот јазик, барем во мера на негово разбирање, тогаш далеку поширока употреба ќе има албанскиот јазик во споредба со неговото наметнување на официјален начин, што, овде и сега не може да не помине без пораст на национализмот кај Македонците и отпор кон учењето и употребата на албанскиот јазик“, додаваат од Левица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...