fbpx

Заедничката комисија за историски прашања со по пет препораки за учебниците во С. Македонија и Бугарија

-

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања предлага пет препораки за измена на учебниците во Северна Македонија и пет препораки за учебниците во Бугарија, заради надминување на историските разлики и недоразбирања меѓу двете земји. Препораките, кои немаат обврзувачки карактер, ќе им бидат предложени на двете влади, и ако бидат усвоени, ќе бидат внесени во учебниците.

Драги Ѓоргиев, македонскиот ко-претседател на заедничката историска комисија вели дека ќе се менуваат делови од учебниците во двете земји за кои има недоразбирање, а препораките од бугарска страна за македонските учебници се главно за античкиот период.

„Проценивме дека тие можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двете народи и држави и кај младите генерации да предизвикаат тензии и омраза“, вели Ѓоргиев.

Тој вели дека препораките не задираат во идентитетските прашања.

„Тие не допираат до идентитетските прашања, повеќе се насочени да се избегне митологизација на античкиот период во образованието на двете страни и да се избегне националната перспектива на денешните држави во антиката и сметаме дека на тој начин ќе се подобрат учебниците во двете земји“, вели Ѓоргиев.

На прес-конференција во Скопје, тој рече и дека се дадени препораки за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил.

Препораките што македонските членови ги изготвиле се за структурални недоследности во учебниците, фактографски грешки, начин на претставување одредени географски региони. Се препорачува во бугарските учебници да се вклучи поширокиот регионален контекст, особено на териториите на запад од древна Тракија. Наместо само бугарски земји, како што е сега во бугарските учебници, да се користат термини како „денешни бугарски земји“, или „територијата на современа Бугарија“. Се предлага и повнимателно датирање на појавата на тракиската култура во антиката, како и следење на водечките тези во историографијата во однос на другите стари народи покрај Тракијците.

За македонските учебници се препорачува поголемо вклучување на античка Тракија и Тракијците, како и поточно претставување на проблемот на континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава, како и на институционален континуитет меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија, коишто според Комисијата се неосновани. Исто така, се препорачува следење на водечките тези во историографијата при претставување на стари народи како Пајонците, Дарданците и Мигдонците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...