Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Основните проблеми со коишто во моментов се соочуваат гејмерите креатори на нови светови, е тоа што за самата изработка на мапи неодамна беше обезбеден адекватен софтвер

Baldur's Gate 3 official Press Kit Image from main site of the game https://larian.com/press
Baldur's Gate 3 official Press Kit Image from main site of the game https://larian.com/press

Заедницата за правење нови авантури во Baldur’s Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават сосема нови кампањи, експанзии и ликови придружници е појава што ја лансираше Скајрим во светска слава и се уште одржливост на популарноста низ годините.

Следното видео е реконструкција на Forsaken (Undead) стартната зона во World of Warcraft направена со енџин софтвер и програми во Baldur’s Gate 3:

Додека ова е инцијалната зона од WoW во „Classic“ верзијата и веднаш се препознава по маркантни елементи:

Додека едиторите за мапи и креирање целосно нови авантури со ланци на квестови (задачи/потраги) во Скајрим беа посимплифицирани, во Baldur’s Gate 3 тековно почнува сериозното модирање, изменување и дополнување на базичната игра од фанови кои што конструираат цели нивоа, дијалози според сопствени „фан-мејд“ приказни додадени како „Lore“ (приказна) и од други игри, филмови и музика. 

Основните проблеми со коишто во моментов се соочуваат гејмерите креатори на нови светови, е тоа што за самата изработка на мапи неодамна беше обезбеден адекватен софтвер. Туторијалите за користењето на „Editor“ досега беа само со текстуални инструкции, но полека на Јутјуб излегуваат и нови видео материјали од кои може да се учи сето ова. 

Да потсетиме дека играта „Dota 2“ е од сценарио на „Warcraft 3“. Dota 1 и е правена со сличен едитор. Своевремено и на „Старкрафт Брудвор“ се правеа интересни комбинации токму со општо кажано користење на „Едитор“ ако главно играта го содржи. Но комапнијата Близард целосно ги задржува авторските права што беше случај со Warcraft 3 во најнова верзија каде тоа е експлицитно нагласено.

Но во случајот на Baldur’s Gate 3 се наидува на правилен однос особено во однос на трудот на играчите и правилниот однос и големата дадена слобода. Ова беше најважен фактор за светскиот успех на играта покрај тоа што оваа RPG моментално се уште е меѓу најдобрите.

За терминологиите во RPG игри може да го консултирате следниот водич. Секако ако сето ова се искомбинира и со можностите на Unreal Engine 5 може „да се направат прекрасни светови“ од гејмери и дури соло гејм девелопери-сетоа ова од удобноста на вашиот дом.

Предвидувањата на девелоперите на Baldurs Gate 3 се дека во следната година – овие креативни процеси многу ќе се олеснат и од напорите на самите нив и од работата на фановите гејмери.