fbpx

Забрани за камиони на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови

-

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на Маврово и на патниот правец Валандово – Дојран, а од 8 часот утрово затворен за сообраќај на тешки возила е и магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Од 9.30, односно од 10 часот, укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Пресека и на Плетвар. Патниот правец Скопје – Македонски Брод, преку природниот резерват Јасен и понатаму останува непрооден.

Сообраќајот на државните патишта, според АМСМ, се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од „Македонија пат“, а снег со слаб интензитет паѓа во целата држава.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На македонската страна на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија каде за излез од Македонија се чека до 30 минути.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...