fbpx

Забранет за консумирање, дозволен за лекување – обиди за декриминализација на канабисот (инфографик)

-

Рекреативното користење на канабисот кај нас е казниво по закон а неговото масло може да се употребува за медицински цели, и тоа од 2017 година. Количината килограми канабис што се запленува од страна на полицијата, се зголемува секоја година. Во однос на тоа како се третира овој вид на наркотично средство во нашата држава, разговаравме со адвокатот Јанаки Митровски а за борбата за легализирање на канабисот со активистката Моника Конопова, која често пати се нашла зад решетки заради оваа кауза, во која таа верува, пишува Порталб.мк.

Марихуаната (или канабисот) подлегнува на неколки подготовки на билката Коноп анабис) што се спроведуваат за да се користи како психоактивно средство и за медицински цели.

Користењето на оваа билка, зависно од државните политики е главно забрането за рекреативни цели, но има и држави кои тоа го дозволуваат, но под посебни услови.

Во Македонија, користењето на канабисот за рекреативни цели е кривично дело и казниво е со затвор, а дозволено е за медицински цели. Неколку активисти во земјата, постојано покренуваа иницијативи со цел да се дозволи и за рекреативно користење. Нивните оправдувања се дека според постојните закони во земјата, марихуаната се изедначува со тешките синтетички дроги, како што се кокаинот или хероинот.

Во инфографикот подготвен од Порталб.мк, можете да видите како во изминативе четири години е зголемено количеството дрога, односно канабисот и другите видови, што се запленети од институциите.

Освен тоа, лани во јули, Министерството за внатрешни работи ја спроведе акцијата анти-дрога, при што беше запленето големо количество дрога и беа казнети голем број вршители на вакви кривични дела непосредно поврзани со дрогата.

Најпогодени од оваа операција, беа корисниците на канабис како и дилерите што најдобро го покажуваат бројките: од 01.06.2017 до 27.06.2018 запленети се 855 килограми марихуана.

Како се третираат на суд, обвинетите за користење/трговија на марихуана?

Митровски, адвокатот кој секој ден ги брани вршителите на кривичните дела поврзани со канабисот вели дека апсурд е канабисот да се смета како дрога од ист ранг со другите тешки дроги, тој објасни дека за ова се казнуваат голем број лица кои што реално канабисот го користат за здравтсвени цели.

Ситуацијата во судовите во Македонија е застрашувачка, ставени сме во иста положба со дилерите на дрога, лицата кои што пробуваат канабис, пациентите кои го користат канабисот за лекување, но се принудени тоа да го прават на илегален начин бидејќи во легалниот пазар, услугите се малку или минимални, а и тоа што се нуди има несоодветен и слаб состав, исто така е многу скап”, вели Јанаки Митровски.

Тој отворено ги претставува неговите идеи за легализирање на канабисот и дури е еден од гласните активисти за ова, а патот кон декриминализирање на канабисот го гледа како нешто возможно додека придобивките од канабисот, според него се бројни.

Борбата за легализирање на канабисот не била лесна за Моника Конопова. Таа повеќе пати завршила зад решетки, за ова е горда и вели дека ова е само почетокот на нејзиното активизирање.

„Според мене, се наоѓаме на половина пат од легализирањето на канабисот. Сега редот е на нашите политичари, пратениците кои треба да ги изменат законите што иритираат кои што канабисот го рангираат на исто ниво со синтетичките и опасни и смртоносни дрогивели Конопова, активистка за невладината организација “420 Macedonia”.

Но, што прават другите држави?

Законот за контрола на наркотични средства е неколку пати променет за што е предизвикан револт кај компаниите лиценцирани за медицински канабис, додека измените на овој закон се во собраниска постапка. Неколку месеци порано од “Макканабис (Makkanabis) повикаа измените на овој закон да бидат итно усвоени. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на носењето на овој закон бидејќи според нив, законот е штетен за здравјето на граѓаните и со него се отвора пат за манипулирање на институциите на системот, во интерес на неколку компании производители на канабис за медицинска употреба.

Македонија во 2017 година ги легализираше производството и трговијата на медицинска марихуана.

Зависно од државните политики, некои земји ги ублажуваат репресивните политики во однос на канабисот. Има и такви кои целосно ја легализираа рекреативната употреба на канабисот, како на пример Уругвај и Канада.

Првата држава која започнала со олабавување на политиката кон оваа дрога беше Холандија. Во 1972 година, холандската влада изврши категоризација на наркотичните средства во тешки и лесни дроги врз основа на опасностите од штета и/или зависност, внесувајќи го канабисот во втората категорија. Заради тоа, поседувањето на 30 грама или помалку, стана прекршок.

Канабисот е достапен за рекреативна употреба во кафеаните уште од 1976 година. На  кафулињата им е дозволено да продаваат само лесни дроги, и не повеќе од 5 грама по лице на ден.

Во Уругвај потрошувачите треба да се регистрираат во регистар а потоа се ограничени на купување 10 грама неделно. Во Канада, според Cannabis Act (законот за канабис) што е во сила, од 17 октомври 2018 година, на возрасните им е законски дозволено да поседуваат до 30 грама канабис, да купуваат канабис од продавачи со лиценца за малопродажба и да одгледуваат до 4 растенија канабис за лична употреба.

Во Португалија поседувањето дрога за лична употреба е административен прекршок и може да биде казнено со глоба или нефинансиски санкции за корисниците кои не се зависни, или нефинансиски санкции за корисници кои се зависници. Наместо казна секогаш има административни мерки, како што се служба во заедницата или психосоцијална терапија. Во Чешка поседувањето дрога за приватна употреба се казнува со глоба до 15.000 ЦЗК (519,91 евра).

Друга димензија на канабисот е неговата употреба во медицински цели. Иако има силен отпор од здравствените работници за да се одобри препишувањето рецепти за канабис за медицински случаи, бројот на земји што се движат во оваа насока се зголемува. Иако сè уште има малку научни докази за долгорочните ефекти од употребата на канабис, постои анегдотски доказ дека активните состојки (kanabinoidet и tetrahidrokanabinoli –THC) се ефикасни во лекување на разни медицински состојби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...