Фото: Арбнора Мемети

Владата на вчерашната седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, со дефинирани исклучоци од оваа забрана.

Претходно, забраната за групирање важеше само по 21 часот, информираат од владината прес-служба.

Ова е чекор повеќе кон зајакнување на мерките со цел спречување на ширењето на пандемијата на ковид-19, која во периодов е во полн ек. Најголемиот товар го носи здравствениот систем, а во болниците се бара кревет повеќе за пациенти на кои им е потребно хоспитализирање.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890.