fbpx

Забрана за моторни возила на неколку патни правци

-

Поради остатоци од снег на коловозoт, забранa за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, јавуваат од АМСМ.

На патниот правец Македонски Брод – Прилеп Р-1303, поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река, исто така е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на автобуси потешки од седум тона.

На магистралниот пат Кратово, кај месноста Гардиште, во атар на селото Којково, поради свлечиште на земја и на камења, сообраќајот се одвива по една коловозна лента за патнички возила, додека за товарни возила истиот е забранет.
Од АМСМ потсетуваат дека од вчера е прекинат сообраќајот на патот Р 291-75, кој ги поврзува селата Могила и Радобор, бидејќи истиот е поплавен.

Во општина Крива Паланка, регионалните патни правци кон селата Огут и Луке, како и локалните патни правци кон селата во планинскиот дел, заради висината на снежната покривка (50-60 сантиметри) се непроодни. И локалниот пат кон село Дренак е непроден од селото Дурачка Река, во должина од околу седум километри.

Во општина Ранковце, регионалниот патен правец кон селото Герман, поради новите врнежи од снег е непрооден.
Според информациите добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози. Снег со многу слаб интензитет провејува на планинските превои Буково, Ѓавато и Крушево, кој не се задржува на коловозот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...