Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја од и кон Велика Британија до крајот на годината.

„Дополнително мерката за задолжителна 14 дневна самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Англија, ќе важи и за патниците кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја,“ информираат од Министерство за здравство.

Комисјата за заразни болести мерката за самоизолација ја усвои на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Имено, голем број на европски земји ги откажаа летовите од Велика Британија поради мутираниот ковид-19 кој побрзо се шири, а случаи со поголема преносливост на коронавирусот се забележани и во Италија.