fbpx

Забрана за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци

-

Утрово времето е облачно и студено и речиси насекаде има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места.

Најмногу снег наврна на Маврово, каде снежната покривка достигна 10 сантиметри, а таму утринава беше измерена и најниска температура од минус 10 Целзиусови степени.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево и обратно како и на превојот Ѓавато, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува насекаде, но не се задржува на коловозите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...