fbpx

За три дена 69 нови ковид случаи, нема починати

-

Во последните три дена регистрирани се 69 нови ковид случаи, а починати лица нема. Направени се 1.640 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи во Скопје, во Битола и Тетово по 3, Дебар – 2, Куманово, Прилеп, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани, Свети Николе и Берово – по еден случај.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 9 реинфекции.

„Регистрирани сe 85 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица“, информираа во Министерството за здравство.

Досега во земјава се направени вкупно 2.066.665 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лицаод почетокот на епидемијата изнесува 312.607, бројот на оздравени пациенти е 302.892, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 399.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...