Вкупно 142 повредени лица од пожарот во Кочани, во моментов се лекуваат во европските земји. Оваа ситуација постојано се менува и има нови лица кои се згрижуваат, но досега за хотелско сместување и транспорт на семејствата на повредените, Владата издвоила безмалку 60.000 евра, информираат за Мета оттаму.
„Повредени лица на лекување има во Белград, Загреб, Софија, Солун, Атина, Будимпешта, Истанбул, Грац, Латвија (Вилнус), Виена, Љубљана, Анкара, Марибор, Полска, Италија (Парма), Италија (Пиза), Италија (Милано), Белгија, Шведска (Стокхолм). Со оглед на фактот што оваа ситуација постојано се менува и има нови лица кои се згрижуваат, до овој момент за хотелско сместување се потрошени 39.456 евра (2.406.282 денари), за транспорт 20.683 (1.261.723 денари), односно вкупно се издвоени 3.668.005 денари или 59.162 евра“, информираат во Владата.