fbpx

За српски „Еспресо“ Македонците се македонски Словени

-

Српскиот портал Espreso.rs деновиве (02.02.2020), во текст посветен на големиот поет и владетел Петар Петровиќ – Његош, периферно ја допре и Македонија. Во написот насловен: „Стручњак откри кои биле вистинските Црногорци за Његош: Овие негови дела ја кријат правата вистина за потеклото на нашиот народ“ (STRUČNJAK OTKRIO KO SU ZA NJEGOŠA BILI PRAVI CRNOGORCI: OVA NJEGOVA DELA KRIJU PRAVU ISTINU O POREKLU NAŠEG NARODA), полемизирајќи околу тоа чиј бил Његош и како Црногорците неправедно го „присвојуваат“ овој „најголем српски поет и неговото капитално дело „Горски венец“,  ги спомена и Македонците, но притоа прави една пробеламтична констатација:

….македонските Словени  кои денеска национално се определуват како „Македонци“

(…makedonskim Slovenima koji se danas nacionalno opredeljuju kao „Makedonci”)

Изразот „македонски Словени“, употребен во текстот, се коси со Упатството на Министерството за надворешни работи за употреба на новото име, Република Северна Македонија, во согласност со Договорот од Преспа. Според насоките за медиумите, кои во февруари минатата година ги објави МНР на својата веб-страница:

  • Официјалното име на земјата е Република Северна Македонија, скратено Северна Македонија
  • Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија
  • Официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД
  • А придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и другите атрибути.

Во Прирачникот се наведуваат примери за точна и неточна примена на придавката македонски:

  • Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…
  • Неправилно: други придавки, вклучително и „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Така што, изразот „македонски Словени“, случајно или намерно,  употребен во текстот на espreso.rs е погрешен, а впечаток е дека има и еден зајадлив, сеирџиски призвук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...