fbpx

За софиски „Труд“ Илинденското востание било обид Македонија да се припои кон Бугарија

-

Бугарскиот весник „Труд“ минатата седмица на својот сајт објави текст за миграциите на територијата на Бугарија низ многу векови, во кој е содржана и една апсолутна невистина во поглед на Илинденското востание. Во текстот, потпишан од бугарскиот новинар и публицист Росен Тахов, се анализира какви миграции имало на територијата на денешна Бугарија уште од бронзено време, и се зборува и за миграциите од териториите на денешни Македонија и Грција кон Бугарија, при што на Илинденското востание му се придава како единствена содржина она што никој дури и просечен историчар вон Бугарија не се осмелува да го тврди – дека целта на востанието било Македонија да се припои кон Бугарија.

„Илинденско-Преображенското востание во 1903 година е обид да се ослободи и да се припои Македонија кон мајка Бугарија. Да се пречкрта неправедниот Берлински договор којшто ја распокина татковината. Целта на бунтот е да се повтори чинот на Обединувањето од 1885 година“, тврди Тахов.

Но Крушевскиот манифест, и покрај тврдењето на некои фигури од јавниот живот во Бугарија, сосема јасно говори дека не станува збор за никакви обиди за припојување на Македонија кон Бугарија, туку единствено како стремеж за создавање автономна Македонија, како дом во кој рамноправно ќе живеат сите нејзини граѓани.

Несомнено е дека востанието се одвивало не само во Крушево и Битолскиот револуционерен округ, туку уште во шест ревоуционерни окрузи, на потегот од Овче Поле и Пирин Планина на север, од Одринско на исток до Битолско на запад. Несомнено е дека некои учесници се целосни приврзаници на официјална Софија во поглед на обидите таа територија да се припои кон Бугарија, но исто толку е недвосмислено јасно, ако се следи објективната историографија, дека за најголемиот дел од учесниците и населението на споменатите територии, единствената цел е ослободување од турската власт и формирање автономна Македонија, бидејќи геополитичките прилики, односно Големите сили во тоа време никако не дозволувале формирање уште една целосно независна држава, бидејќи тоа го сметале за страотен удар што би ѝ се нанел на Турција, а со тоа би се отворила уште една зона на влијание на царска Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...