fbpx

За скенирање сметки ќе се враќаат 2.100, а не 1.800 денари на три месеци

-

Граѓаните кои скенираат кодови на сметки ќе добиваат поврат на 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега. Владата, на последната седница, даде зелено светло на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

„Со измените се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје. Највисокиот износ како поврат на дел од данокот на додадена вредност сега ќе биде 2.100 денари по квартал за едно физичко лице, а не како досега 1.800 денари“, информираат од Владата.

Мерката за поврат на дел од ДДВ стартуваше во јули 2019 година како начин на враќање пари кај граѓаните со што и тие ќе учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување во земјата.

Мерката превидува враќање на 15 отсто од данокот на додадена вредност на сметки на граѓаните кои ќе скенираат кодови од фискални сметки со апликацијата „Мој ДДВ“, платени во трговските објекти во целата земја. Можноста за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на кои имаат наполнети 15 години и кои се регистрирани на системот на УЈП. Поврат на овој начин се врши само за граѓаните, а не и за претпријатијата и може да се користи само за фискална сметка до износ од 30.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...