fbpx

За сите љубители на виното – започна петтата винска дегустација Винодонија

-

Препознатливиот традиционален настан, Винодонија оваа година беше организиран во хотелот „Лимак“, започнувајќи од вчера, со програми кои продолжуваат и во текот на денешниот ден.

Винскиот фестивал беше свечено отворен вчера попладне, а сите присутни љубители, експерти и критичари на виното имаа можност да дегустираат сортни вина од повеќе од дваесетина македонски производители на вино, меѓу кои се винариите: „Камник“, „Керем“, „Захарчев“, „Јаковлевски“, „Сковин“, „Бовин“, „Пешков“, „Вардарска долина“, „Ерос“, „Ѓи Ем Ен“, „Венец“, и многу други останати препознатливи имиња.

Фото: Мета.мк

Интернационалниот карактер на настанот посетителите можат да го вкусат со вкус сочинет со повеќе од пет различни странски винарии од Балканот и Европа. Винаријата и дестилерија „Подрум певац“, која е претставник на српското вино од Крагуевац, и оваа година беше дел од Винодонија.

„Ние произведуваме ракија веќе 12 години, додека во виното сме малку понови. Ова е нашата четврта година како правиме вино, а веќе трета година присуствуваме на Винодонија. Досега на вински промоции имаме присуствувано во Сараево, Крагуевац и во Белград. Секогаш сме многу среќни кога е во пресрет настанот поради големата заинтересираност на посетителите и се разбира одличната организација која секогаш е без грешка“, велат од „Подрум певац“.

Фото: Мета.мк

На странската карта се наоѓаат и вината на „Mansalto“, винарија изградена во мало гратче во Тоскана, Италија, како и традиционалните вина на линијата „El Miracle“ правени во шпанскиот град Валенсија. Дополнително, уште еден италијански претставник е „Castello Banfi“.

Присутните имаат можност да пробаат вина и од винаријата „Брзанов“. Особен акцент треба да се стави на виното „Artisan Syrah“, коешто е прогласено за најдобра сорта на Балканот годинава, и ароматичното „Vranec Elixir“ кое се стекна со Double Gold Award наградата.

Фото: Мета.мк

Покрај дегустативната програма за вчерашниот ден, во програмата се најдоа работилници и предавања поврзани со виното и стручноста потребна за негово правење, како и сите влијанија кои влегуваат во процесот. Просторијата беше исполнета со џез мелодијата на Трајче Влков (труба) и џез квартет и Саше Вучидолов – Фучка кој свиреше соло пијано.

Другата просторија на шестиот кат од хотелот „Лимак“ беше наменета за дегустација на храна. Тука беа изложени млечните и сувомесните прозиводи на „Кораб трница“, „Гавриловски“, „Пекабеско“, „Мак тартуф“, „Екстра фунги“, „Fresca Mozzarella“, „Delicates room“ и „Ликом“.

Чоколадите на „Choco Like“, кои исто така беа дел од дегустативната програма, се од македонско производство и изработка на Викторија, која втор пат присуствува на Винодонија.

„Со правењето чоколади започнав како хоби во 2019 година, а сега истото прерасна во вистински бизнис. Токму гостувањето на Винодонија на четвртата едиција ме мотивираше повеќе да се посветам“, истакна Викторија која стои зад логото на Choco Like.

Денеска дегустацијата започнува во 15:00 часот. Во 14 часот ќе има предавање во врска со винска Романија, а во 18 часот предавање за винска Албанија. Денешната работилница ќе биде претставување и дегустација на новата линија на винаријата „Стоби“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...