За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на последната недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николе кои не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип

-

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со претходната недела, пишува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 83,7 отсто“, пишува во извештајот.

Како што се наведува, во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15 до 64 години, 720 кај деца на возраст од 5  до 14 години, 412 кај деца на возраст до четири години и 254 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Највисока инциденца (426,9/100.000) се регистрира кај децата на возраст до 4 години.

Во текот на оваа недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николе кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во Клиничката болница во Штип. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...