fbpx

За само два месеца короната им зеде стотици милијарди евра на европските економии

-

Актуелната криза предизвикана со пандемијата на корона вирусот ќе ги чини европските држави стотици милијарди евра, проценува германскиот Институт „Инфо“. Студијата на Институтот покажа дека речиси секоја од државите во Европа донесе свои пакет мерки за спас на економијата, тешки по повеќе милиони евра, но дека тие нема да можат брзо да ги санираат штетите кои ги трпи економијата, затоа што паралелно течат и мерките за справување со вирусот.

„Престанокот на прозводството ќе предизвика економски штети од милијарди евра и тоа во секоја земја одделно. И економските причини се во прилог на масовните инвестиции во здравстената заштита. Само така ќе може епидемијата да се уништи, а истовремено потоа постепено да се отворат продавниците и училиштата“, нагласи шефот на „Инфо“, Клеменс Феуст.

Во Студијата се истакнува дека компаниите мораат да бидат подготвени брзо да заздрават, а доколку не работат повеќе од еден месец, според Феуст, многу брзо ќе дојде до рецесија на економијата, поголема од сите претходни рецесии и елементарни незгоди во историја на ЕУ.

Што се однесува до Германија, номиналните трошоци за период два месеца затворена економија би изнесувале меѓу 255 и 495 милијарди евра. Со секоја следна недела штетите ќе растат меѓу 25 до 57 милијарди евра.

Во Австрија, затворањето на компаниите во време од два месеца ќе ја чини економијата од 34 до 57 милијарди евра, а секоја идна недела штетите ќе изнесуваат плус 7 до 10 милијарди евра.

Италија, како најпогодена од вирусот, двомесечното неработење на компаниите ќе ја чини меѓу 143 и 234 милијади евра, а секоја следна недела по уште 14 до 27 милијарди евра.

На Шпанија оваа криза ќе и донесе двомесечни загуби во економијата од 101 до 171 милијади евра, а за секоја следна недела плус нови загуби од 10 до 20 милијарди евра.

Во Франција, од два месеца неработење на компаните, економијата ќе има штети од 176 do 298 милијарди евра, а секоја наредна недела плус 18 do 35 милијарди евра.

Велика Британија претрпе штети од два месеца блокада на фирмите, од 193 до 328 милијарди евра, а секоја наредна недела ќе и носи економски загуби од 19 до 38 милијарди евра.

Во Швајцарија, пак, двомесечното затворање на стопанството ја чини економијата на оваа земја меѓу 49 и 81 милијарди евра, а секоја наредна недела дополнителни 5 до 10 милијарди евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...