За првпат во историјата на World of Warcraft играчите на Хорда и Алијанса ќе можат да се здружат во иста групација

Слика превземена од: Blizzard Entertainment
Фотографија превземена од: Blizzard Entertainment

За првпат во историјата на World of Warcraft играчите на двете спротиставени фракции Хорда и Алијанса ќе можат да се здружат во иста групација на играчи. Ажурирањето што треба да ја овозможи оваа опција е веќе на Public Test Realm серверите од 9 март, но нема конкретен датум за кога ќе биде официјално објавен. 

Името на апдејтот е Embers of Neltharion со што ќе започне втората сезона на Dragonflight со нова зона и нов „рејд“, Aberrus, The Shadowed Crucible.

Уште во претходната експанзија Shadowlands имаше слична опција што ги здружува хордата и алијансата да играат Cross -server во исти Dungeons и имаме претходен напис на таа тема.

За волја на вистината, и во минатото во PvE, главните ликови од двете фракции работеа против силите на злото што му се закануваа на целиот свет на Азерот за да победат големи зла, како Артас -Лич Кинг, Детвинг змејот што го измени светот, Горечката Легија на Демони, Џејлерот од Подземниот свет и други заеднички непријатели. Така што играчите што ја играле приказната се веќе и навикнати на ваков тип на здружувања и нема да преставува голем проблем. Но, ќе биде интересно што би можело ова да направи за постоечкото PvP (Player vs Player) искуство. Во иднина може да се очекуваат и Guild vs Guild битки-каде популацијата ќе биде мешана од Алијанса и Хорда.