fbpx

За првомајските празници, петок, сабота и недела, полициски од 14 часот до 5 часот наутро

-

За првомајските празници, в петок, сабота и недела, ограничувањето на движењето почнува во 14 часот, одлучи Владата на својата денешна седница. Поточно, на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот попладне. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро, следниот ден.
„За лицата над 67 годишна возраст, в петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот, сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот“, соопшти Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...