fbpx

За прв пат по подолг период бројот на оздравени поголем од новозаразените лица со ковид-19

-

Oд вкупно направени 954 тестирања во државата во последното деноноќие, регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19. Најголем број од случаите се во Скопје – 64. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 123 оздравени пациенти, од кои најголемиот дел се од Куманово. Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години, информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454, бројката на оздравени пациенти е 2.598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.550.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти“, информираат во Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...