fbpx

За продолжениот викенд во Охрид регистрирани 409 прекршоци за неносење заштитна маска

-

„Светото тројство“ периодов – носење заштитна маска на лицето, држење дистанца и дезинфекција на рацете се чини дека викендов во најголема мера не беше испочитувано во туристичките места каде имаше големи собири на луѓе поради продолжениот празничен викенд. Јавноста за ова се увери преку социјалните мрежи каде што се споделија фотографии од преполните охридски плажи, кафулиња, центарот на градот, шеталиштето, но и од охридската чаршија.

И покрај апелите на полицијата и здравствените власти, сепак се евидентираат прекршоци. Статистиката што СВР Охрид ја достави до „Мета.мк“, конкретно за овој викенд покажува дека само во Охрид во периодот од 31 јули до 4 август се направени 409 прекршоци за неносење маска. Додека пак во Струга, регистрирани се 106 лица што ја прекршиле оваа мерка.

„Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на корона вирусот“ – велат од СВР Охрид.

Податоците од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека вкупно за викендот регистрирани се 2.104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето низ целата земја. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Во текот на викендот и министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи упати апел да се почитуваат мерките. Како што напиша тој, „ти си на одмор, но вирусот не е“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...