fbpx

За неполна година, 18 жртви на патиштата во Источна Македонија

-

На 9 ноември се наврши една година од смртта на 15-годишниот ученик Седат Мустафа, кој беше прегазен на пешачки премин, на големиот одмор пред неговото училиште во Штип. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на жртвите во сообраќајни несреќи, неговите соученици му одадоа помен на манифестацијата организирана од Народната библиотека „Гоце Делчев“ од Штип.

На правосудните органи им требаа речиси 11 месеци да ја комплетираат истрагата, да го процесиураат предметот и возачот, кој го прегази момчето, да биде осуден. Пресудата беше изречена кон крајот на октомври, безмалку  една година по кобниот ден за петнаесетгодишникот. 69-годишниот возач, Боган Митевски, по професија стечаен управник, доби 5,5 години затвор, меѓутоа, пресудата се’ уште не е правосилна. Казната за ова дело е до максимални 20 години затвор, меѓутоа, Основниот суд во Штип соопшти дека ги ценел олеснителните околности и тоа дека возачот признал вина.

Смртта на Седат Мустафа ги крена на реакција институциите и Општината Штип. За родителите, кои организираа и протест, тоа е само задоцнет одговор. Поставени се вибрациони ленти пред училиштето „Коле Нехтенин“, а во непосредна близина беше изграден кружен тек, со цел забавување на сообраќајот.

15-годишникот, според статистиката на СВР Штип, е една од 18-те жртви на патиштата во источниот дел на државата за 11 месеци од оваа година. Иако овој број е помал во однос на претходните години, сепак е алармантен, посебно што се работи главно за млади луѓе.

„Причината за сообраќајќите со смртен исход се неколку: повисоката брзина од пропишаната, употребата на алокохол, користење на мобилни телефони додека се управуваат возилата“, анализира Ангелчо Стојановски, началник на Отсек за превенција во СВР Штип.

Новите, побрзи возила, според оценката на полицијата, се управуваат со брзини несоодветни за патиштата, често под дејство на алкохол, што се кобни за животите на овие млади луѓе. Најчеста причина за сообраќајните несреќи е човечки фактот.

На Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи се делеа брошури по улиците во Штип. Општината Штип најави дека почнува со поставување на заштитни огради покрај сите училишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...